ММС

Објавено на: 02/6/21 9:54 AM

Се’ беше како бајка – Се свршија екс ракометарот Ренато Вугринец и Сања Обрадовиќ по седум години љубов

Словенечкиот ракометарот Ренато Вугринец и  поранешната српска манекенка Сања Обрадовиќ се свршија. Свршувачката случи во српскиот зимски центар Копаоник, каде се на зимување.

Ренато на македонската јавност е познат  како играч на „Металург“ и македонската ракометна репрезентација, додека Сања е екс  сопруга на поранешниот кошаркар и претседател на КФМ, Пеце Наумовски, која сега е успешна жена, магистер по економија и има свој бизнис.

Сања и Ренато се запознаа во Македонија пред седум години, а откако им се распаднаа првите бракови, во кои имаат по три деца, решија да ја испишат нивната љубовна историја. Како што порано се пишуваше, Сања и Ренато се запознаа во пекара, ги спои нивен заеднички пријател и од тогаш се неразделни. И двајцата тогаш раскажуваа дека е љубов на прв поглед и сепак, по седум години заедничко живеење, Ренато клекна на колена и ја побара раката.

-Се’ беше како во бајка. На 2000 метри Ренато организираше се’, јас немав поим дека ова ќе се случи. Навистина уживавме, ни рече Сања.

Во 2013 година, Ренато со одлука на Владата доби македонски пасош, кој му овозможи да ги брани боите на Македонија на Светското првенство во Катар. Вугринец се збогуваше од ракометот во дресот на Металург во 2015 година на натпреварот против Војводина, и тоа, како што тогаш се пишуваше, поради неисплатени плати поради финансиската криза во клубот. На тој натпревар Вугинец со постигнати девет голови беше прогласен за најдобар стрелец и со голем аплауз беше испратен од своите колеги.

Сања и Ренато и денес живеат на релација Белград – Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.