ММС

Објавено на: 02/6/21 7:58 AM

Време: Сончев и топол викенд, денеска до +22 степена

Сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер. Максималната температура до 22 степена. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре попладне ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Под влијание на влажен бран, в понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со засилен јужен ветер и појава на грмежи. Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне. Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.