ММС

Објавено на: 02/6/21 12:07 AM

Леброн Џејмс воопшто не е воодушевен пред овогодинешниот Ол-Стар меч

Ѕвездата број еден во НБА лигата, Леброн Џејмс, веднаш по трипл-даблот против Денвер Нагетс и победата против еден од најдобрите тимови на Западот, не го сокри незадоволството пред овогодинешниот Ол-Стар викенд планиран за следниот месец.

Нaмeсто Ол-Стар викенд во овие околности, за поранешниот кошаркар на Кливленд и Мајами подобро би било да се има „мала пауза“, со цел кошаркарките физички и ментално да закрепнат по непрестаното играње од „баблот“ во Орландо до денес.

-Имам нула енергија и нула возбуда за Ол-Стар мечот годинава. Не ни разбирам зошто воопшто мора да се одржи. Во ред, договор е постигнат помеѓу играчите, асоцијацијата и лигата, но надвор од моите раце е тоа. Ќе бидам тука физички, ментално на друго место. Претсезоната беше кратка, само 71 ден за мене и моите соиграчи. Потоа се враќаме во новата сезона каде што ни кажаа дека Ол-Стар меч нема да има и тој период ќе се искористи за мини-одмор. И потоа наеднаш, удар во лице, изјави Леброн Џејмс, а пренесе „Еurohoops“.

Oл-Стар мечот за сезона 2020/21 ќе заземе место во Атланта, ризична област во однос на пандемијата на коронавирусот.

 

 

 

 

Фото:

ftw.usatoday.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.