ММС

Објавено на: 02/5/21 10:50 PM

Зидан: Не заслужувам таков третман од медиумите, очекувам малку поголемо почитување

Реал Мадрид предводен од Зинедин Зидан игра тешка, далеку од очекувањата сезона практично на сите фронтови. Во последното коло од групната фаза од Лигата на Шампионите, мадриѓаните мораа да решаваат за пласманот во 1/8 финалето, додека во Примера актуелните бранители на титулата се наоѓаат на третата позиција на табелата со освоени 40 поени, десет помалку од првопласираниот Атлетико Мадрид и со еден одигран натпревар повеќе.

Последниот удар врз „кралевите“ беше зададен во Купот на Шпанија каде што Реал беше елиминиран од третолигашот Аљокано. Лошата форма и резултати покренаa низа прашања околу можностите на францускиот стратег и неговата иднина во клубот. Неретко прежестоките медиуми и јавноста знаеја и знаат да „удрат“ силно по Зидан, заборавајќи дека тој е вториот тренер во историјата на гигантот по освоени трофеи и всушност моментален бранител на титулата во шпанската елита.

Некогашниот фудбалер на Јувентус и освојувач на Мундијалот во 1998 година, изрази незадоволство од ваквиот, според него нефер третман од пошироката фудбалска и медиумска јавност, велејќи дека неговите достигнувања сиве овие години заслужуваат поголемо почитување.

-Не заслужувам да бидам третиран на овој начин од страна на медиумите. Ја освоивме лигата минатата сезона и барам малку поголемо почитување. Покажете малку повеќе респект за постигнатото. Зошто не ми кажете во лице дека сакате да го напуштам клубот, запраша Зинедин Зидан.

Французинот со Реал Мадрид ја покори фудбалска Европа дури трипати.

 

 

 

 

Фото:

goal.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.