ММС

Објавено на: 02/5/21 9:25 PM

Деновиве во Амстердам е навистина „забавно“: Андре Онана заработи едногодишна суспензија од терените

Тлото во Амстердам последните неколку денови не мирува. Откако името на славниот холандски и европски гигант ја разбранува јавноста поради огромниот пропуст при регистрацијата на Себастијан Халер за нокаут-фазата од Европа Лига, денес оттаму нов шок.

Чуварот на мрежата на Ајакс, камерунскиот репрезентативен голман, Андре Онана, заработи суспензија од 12 месеци од УЕФА поради недозволена супстана пронајдена во неговата урина при допинг тестот направен на 30-ти октомври мината година.

Секако, како и за случајот со Халер, од Ајакс, но и директно засегнатиот Онана имаaт објаснување. Тој вели дека сето ова претставува ненамерна грешка и ќе се обиде да го докаже спротивното.

-Погрешно зедов лек кој во себе содржел супстанца која е забранета. Тој беше препишан за мојата девојка, а јас случајно поради сличноста на амбалажата го конзумирав мислејќи дека е „Аспирин“, се огласи камерунскиот голман.

Онана додаде дека ставот на УЕФА го почитува, но јасно даде до знаење дека ќе поднесе жалба на одлуката во деновите кои следат.

-Сите знаат дека водам здрав живот и од стартот на кариерата сум голем противник на недозволените супстанци. Имам 24 години и во текот на мојата долгодоишна кариера имав среќа да ја одиграм секоја минута, за Ајакс и за мојата репрезентација. Допингот не ми е потребен воопшто, изјави тој.

На крајот Онана се заблагодари за поддршката која доаѓа од клубот, неговите соиграчи и фановите на социјалните мрежи.

 

 

 

 

Фото:

90min.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.