ММС

Објавено на: 02/5/21 7:30 PM

Сообраќајна незгода во кумановско Бедиње

Возач е повреден и пренесен во Ургентен центар Куманово во сообраќајната незгода што се случи попладнево во кумановско Бедиње, откако возилото со кое управувал изгубило контрола и удрило во три паркирани возила, потврди СВР Куманово. Сообраќајната незгода се случила помеѓу едно патничко возило и три паркирани возила денеска околу 17 часот на

улицата „11 Ноември” во Куманово.

– Возачот С.И.(18) од село Опае кој управувал патничко моторно возило „Опел Зафира” со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола на возилото и удрил во три паркирани возила. По незгодата возачот С.И. бил пренесен во Ургентен Центар, Куманово, а по укажаната лекарска помош му биле констатирани телесни повреди, соопштија од СВР Куманово.

Кумановската полиција извршила увид на местото на несреќата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.