ММС

Објавено на: 02/5/21 5:13 PM

Академик Ѓоргиев: Новата концепција нуди изучување на историја врз основа на критичко размислување без ширење стереотипи и предрасуди

Академик Драги Ѓоргиев даде безусловна и целосна поддршка на новата Концепција за основно образование, посочувајќи дека со неа се дава можност за учење за мултикултурализам и почитување на другите истории и култури.

-Токму ова го нуди новата Концепција којашто ја предлага Министерството за образование и наука и оваа работна група. Во оваа дискусија јас ќе одам малку понапред и ќе зборувам за наставните програми, посебно за историја. Историјата не треба да се митологизира, за неа треба да се има рационален, а не емоционален пристап. Историјата треба да се изучува така што ќе развива критичко размислување, а не да шири стереотипи и предрасуди. Токму овие можности се вградени во концепцијата, рече академик Ѓоргиев.

Ѓоргиев истакна дека должноста и обврската на историчарите е да ја деполитизираат историјата да користат нови толкувања и нови извори и примена на современи метoдологии.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.