ММС

Објавено на: 02/5/21 4:02 PM

“Безбедно училиште и покрај корона“ – проект во реализација на Град Скопје и Нирнберг

Град Скопје во соработка со збратимениот град Нирнберг го реализира проектот „Безбедно училиште и покрај Корона“, финансиран од германското федерално Министерство за економска соработка и развој.


„Како дел од проектот, претставникот од Нирнберг, Марсел Вајзенфелс деновиве беше во посета на сите средните училишта на Град Скопје и предаде дел од дезинфекционите средства наменети за подобра превенција од Ковид-19. Целта на проектот е подобрување на превенцијата од Ковид-19 во средните училишта и обезбедување дезинфекциони средства, а заеднички ќе го имплементираат Град Скопје, Нирнберг и Црвениот крст на Град Скопје“, информираат од Град Скопје.

Фотографии: Град Скопје


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.