ММС

Објавено на: 02/5/21 3:42 PM

Притвор за креаторот и за администраторот на „Јавна соба”

На Д.К. и М.П., осомничени за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија”, им е определена мерка притвор во траење од 30 дена –  соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот информираат дека тие денеска биле спроведени пред судија на претходна постапка.

– По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица, во присуство на нивен бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор и висината на предвидената казна за конкретното кривично дело, судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија со кои на Д.К. и М.П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на сите основи од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП, односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело, наведува Судот.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.