ММС

Објавено на: 02/5/21 3:38 PM

Во домот на гостиварка најдени 100 грама хероин

Полицијата при претрес во домот на гостиварка открила и одзела наркотична дрога херион и лишила од слобода едно лице.

Според СВР Тетово, денес околу пладне инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар по преземени мерки извршиле претрес во домот кај В.С. (37) од Гостивар. При пребарувањето пронајдени се 110 грама хероин. По пронаоѓањето на дрогата, гостиварката е лишена од слобода. Во текот на денот ќе се работи на случајот кој во меѓувреме е целосно документиран

Во текот на денот се очекува против гостиварката да биде поднесена соодветна пријава.

 

З. Г. М. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.