ММС

Објавено на: 02/5/21 3:38 PM

Попова Шапка како и пред 30 години

Сонцето  и снегот сите ги намами да заминат за Попова Шапка и да уживаат во свежиот и чист воздух. Далеку од градскиот метеж, посетителите уживаат во прекрасната зимска идила. Многу деца, многу смеа можеше да се забележи во скиј -центарот Попова Шапка. Минатата недела, пак, беше промовиран и шестоседот.

Но, сликата на Попова Шапка не можеме да ја наречеме идилична, бидејки забележавме дека посетителите не внимаваат на хигиената, па можеше да се видат и остатоци од ѓубре.

Најгорливиот проблем на Попова Шапка е паркингот , кој не може да ги собере сите автомобили, па се создаваше и колона од неколку километри.

Екипата на ММС го посети овој зимски центар и покрај преполните локали погледнете  низ галеријата што забележа.

Весна Петровска

Фото: Вангел Тануровски

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.