ММС

Објавено на: 02/5/21 3:09 PM

Од Стопанската комора за фотографска и видео-дејност бараат средба со Владата

Новоформираната Стопанска комора за фотографска и видео-дејност бара средба со Владата. Очекуваат субвенцијата на плати да продолжи до крајот на пандемијата или до донесување на протоколи за организирање на свадби и други настани.

Претседателот на Стопанската комора за фотографска и видео дејност, Миле Спасов вели дека деновиве имале интензивни средби со претставниците на вакви фирми низ државата, а денеска се во Штип, опфаќајќи ги од источниот регион.

-Да имаме како дејност фотографска и видео пристап до безкаматни кредити, може и како предлог е дадено да се направи финансиска анализа за работењето на нашите правни субјекти од 2019 до 2020 година и доколку возможно е да се добијат некакви грантови и помош од државата. Како највиско барање го ставаме делот на лиценцирање, односно преку законски измени и во соработка да успееме да издаваме лиценци ние како комора, вели Спасов.

Тој истакна дека од вкупно 250 компании, во моментов поради коронакризата и протоколите околу 15 отсто се во мирување. Освен што бараат подршка за намалување на штетите од корона кризата очекуваат и помош во борбата против оние во нивната дејност што работат на црно и им крадат над половина од приходите.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.