ММС

Објавено на: 02/5/21 2:59 PM

Производството на руската вакцина во Србија ќе почне до крајот на годината, најави Вучиќ

Србија ќе инвестира колку што ќе биде потребно за да почне со производство на руската вакцина Sputnik V до крајот на годината, најави денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ. Тој во интервју за британската агенција Ројтерс истакнува дека со рускиот претседател, Владимир Путин направиле иницијален договор за отпочнување на процедурата за производство, опишувајќи го тој процес како „комплициран и тежок“.

Група руски експерти би требало следната недела да ја посетат Србија за да се разговара за производство на руската вакцина против коронавирусот до крајот на годината.

Агенцијата Ројтерс наведува дека Србија со повеќе од 530 илјади вакцинирани граѓани, односно 7,5 проценти од популацијата веќе се наоѓа на четвртото место на светско ниво по број на вакцинирани на 100 жители, веднаш зад Израел, Велика Британија и САД.

Извор: republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.