ММС

Објавено на: 02/5/21 2:45 PM

Почина новинарот Ристе Недановски

 По кратко и тешко боледување вчера на шеесет и двегодишна возраст почина новинарот Ристе Недановски – соопшти Лекарската комора, каде тој беше вработен.

Во 1980 година Недановски запишал Факултет за интердисциплинарни стурии по новинарство при Универзитетот „Кирил и Методиј” – Скопје. Во својот животен век, од 1991 година работи како новинар за здравство во редакцијата „Вечер” – НИП „Нова Македонија”. Во 1997 година преминува во редакцијата „Дневник”, во 1999 станува заменик-уредник на економската рубрика и новинар за здравство во редакцијата „Утрински весник”.

Од 2004 година е уредник и новинар за здравство во редкацијата „Вечер”. Од активното новинарство се повлекува во 2006 година кога работи како PR менаџер во „Публицист” – Скопје, од 2009 година е извршен директор и ПР менаџер во „Концепт маркетинг”, а од 2011 година е уредник на гласилото на Лекарската комора на Република Северна Македонија, „Vox Medici”.

Долги години подготвуваше и уредуваше текстови, посебни тематски публикации и инфо-гласила на различни асоцијации, здруженија, организации и компании (Стоматолошка комора на Македонија, „Порака”, Сојуз на помош за лица со ментален хендикеп и други. Во својот професионален ангажман се истакнува како исклучителен познавач на здравствениот систем во Република Северна Македонија. Автор е и учесник во подготовка на повеќе релевантни меѓународни анализи за состојбите и реформите во здравството. Сите ние загубивме драг пријател и извонреден колега. Нека почива во мир, стои во соопштението.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.