ММС

Објавено на: 02/5/21 1:45 PM

Црна Гора: Советот усвои предлог Ратко Младиќ да добие улица во Беране

Советот за давање на предлогот за називи на населби, улици и плоштади, со мнозинство гласови го усвои предлогот една улица во Беране, во Црна Гора, да го носи името на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ – поранешен командант на Војската на Република Српска, додека предлогот една улица да го добие името на Павле Ѓуришиќ не доби поддршка од мнозинството од членовите на Советот, јавува aгенцијаta Анадолија (АА).

Претседателот на Советот, Горан Киковиќ, рече дека одлуката ја донело советодавно тело, кое нема право на одлучување, туку мислењето за предлозите го проследува на надлежниот Секретаријат, а конечна одлука за доделување на имиња на улици или нивно преименување донесува надлежното Министерство.

„До Советот пристигнаа голем број предлози од институции и поединци и точно е дека меѓу нив беа и предлози една од улиците да го добие името на генералот Ратко Младиќ и тој предлог помина, додека предлогот една улица да го носи името на војводата Павле Ѓуришиќ не доби согласност, бидејќи за тој предлог гласаа три члена, од седум, колку што и присуствува на седницата“, рече Киковиќ.

Во поддржаниот предлог името на Ратко Младиќ да добие една од улиците на Беране, но и предлогот Павле Ѓуришиќ да не добие мнозинство, според неговото мислење „нема ништо чудно“.

„Тоа само покажува колку војводата Ѓуришиќ е сатанизиран, бидејќи, на пример, предлогот една од улиците да го добие името Момчило Ѓујиќ доби поддршка од повеќето членови на Советот“, истакна Киковиќ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.