ММС

Објавено на: 02/5/21 1:33 PM

Во касарната „Илинден“ промовирани 65 подофицери

Промовирана првата група од 65 подофицери од вкупно 120-те професионалните војници во касарната „Илинден”, во присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Курсот за подофицерите, кој се организира по 11 години, почна на 28 ноември 2020 година, а заврши на 4 февруари. Втората група од 55 лица ќе ја започне обуката на 22 февруари.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека првите 65 подофицери се промовираат по 11 години неоправдана пауза.

– Овие 65 припадници, кои го завршија курсот за подофицери во Центарот за обука „Пепелиште”, се првата фаза во решавањето на голем, крупен проблем во Армијата. Вака, чекор по чекор, во соработка со Генералштабот, со командата, успеваме да ги поправаме дупките во армијата и покажуваме дека нешто што неоправдано било проблем, полека но сигурно успеваме да го решаваме. Дозволете ми да кажам дека денеска ми доаѓаше наместо говор, да пуштам еден знак на воздивнување, заради тоа што долги месеци работевме за денеска пред нас да стојат 65 нови подофицери, истакнаа Шекеринска.

Таа рече дека кога била избрана на функцијата министер за одбрана не можела да разбере како имало непополнети 500 места за подофицери. Но, со тек на времето сфатила дека тоа не било толку лесно.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.