ММС

Објавено на: 02/8/21 7:30 PM

Короната не раздели со Урош – Ноне овој Валентајн ќе го прослави сама

По повод Денот на вљубените ја исконтактиравме нашата поранешна пејачка Ноне Неделкоска да ни раскаже како изгледа една прослава од еден поинаков агол – Свети Валентајн на брод.

На големо разочарување, Ноне раскажа дека на овој ден ништо спектакуларно не се случува, и не е толку романтично како што прво ќе ни дојде на памет.

– За гостите искрено ништо спектакуларно, некои тематски колачи, чоколадна фонтана, јагоди и вино, симболично колку да се одбележи денот,  но за нас вработените имаше одлична забава и оние кои моментално се вљубени си подаруваат подароци. Интересно е тацуваме на разни музики од сите националности.

Ноне неодамна беше во центарот на вниманието откако сподели фотографија на социјалните мрежи со момчето Урош Терзија, но Ноне за ММС открива дека повеќе нема момче и овој Валентајн ќе го прослави сама.

–  Не сум  повеќе со момчето, короната не раздели, изјави Ноне Неделкоска за ММС.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.