ММС

Објавено на: 02/5/21 12:48 PM

(ВИДЕО) Бања од кристали, базен, сауна, Версаче мебел: Ѕирнете во дворецот на Драгана Мирковиќ во Виена

Пејачката Драгана Мирковиќ живее во замокот Ебенфурт близу Виена со сопругот Тони и децата. Еден од најинтересните факти за дворецот е дека во него некогаш живеела Марија Терезија. Крајот на 17.век таа често престојувала во него, а Драгана е многу горда на оваа историска градба.

Ентериерот на дворецот таа и нејзиниот сопруг Тони го средувале заедно, а со изборот на мебел се занимавал главно тој. Таа истакнала дека предметите ги купувале главно во Италија, но дека не одбирале одреден мотив или тема, туку она што им се допаднало во одреден момент.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

Посебно е горда на купатилото кое е комплетно украсено со Сваровски кристали, со антички мотиви, со Версаче комода. Тие се дел од декорацијата и во дневната соба.

Нивниот дом сакал да го купи шеик за дури 200 милиони евра, но Драгана љубезно ја одбила неговата понуда.

Специјално катче за Драгана е галеријата во која се наоѓаат сите спомени кои ги стекнала во кариерата. Истакнува дека сака да готви, како и да смука, но од куќните работи најтешко и е да пегла.

Извор: kurir.rs

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.