ММС

Објавено на: 02/7/21 3:45 PM

Пандемијата не ги спречи богаташите да патуваат

Светската пандемија предизвикана од коронавирусот не ги сопре богатите луѓе да патуваат низ земјите. Можеби комерцијалните летови беа забранети за обичните луѓе, но милијардерите успеаја да го прошетаат светот благодарение на своите приватни авиони, а некои од нив и добро профитираа во секторот кој има светла иднина пред себе.

Милијардерот од САД, Бил Гејтс, милијардерот од Египет, Насеф Савирис, Џејмс Пекер, милијардер од Австралија и Кери Стокс, исто така австралиски бизнисмен акумулирале 1,2 милиони долари на сметка на секторот приватни авион, анализираше Блумберг.

Секторот приватни авиони кој го поседуваат најбогатите луѓе е ретка категорија која успеа да оддолее на Ковид-19 кризата затоа што летовите за најимотините беа возможни и се одвиваа без ризик од зараза.

Меѓу оние кои профитирале од овој бизнис е нормално и Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот кој поради своите ставови во врска со Ковид-19 се најде на удар од корисниците на социјалните мрежи.

Гејтс стана водечки акционер во компанијата Signature Aviation Plc за која се интересираше уште во 2009 година и за четири пати го зголеми својот удел во јули и август. Најбогатиот човек од Египет, Насеф Савирис го зголеми своето учество за 7,4% во текот на 2020 година во бизнисот со приватни авиони.

 

Извор и фото: Bloomberg


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.