ММС

Објавено на: 02/5/21 11:23 AM

Петиција во Романија: Променете го крштелниот обред, бебиња умираат!

Романци го кренаа гласот против обичајот на православната црква, поради смртта на новороденче во тек на церемонија на крштевање.

„Смртта на новороденче поради таквата практика е голема трагедија. Тој ризик мора да се отстрани“, порачаа иницијаторите на петицијата почната на Интернет, која досега ја потпишаа 56.000 луѓе.

Бебето на возраст од само шест недели почина во понеделникот во болница, набрзо по крштевањето во црква. При обредот, било трипати потопено во благословена водичка. Веднаш потоа, на бебето му се слошило, па починало неколку часа подоцна во болница од престанок на работата на срцето. Обдукцијата утврдила течност во белите добови и е отворена истрага за убиство од небрежност против свештеникот што раководел со обредот.

Како што пренесуваат „Индекс.хр“ и „Б92“, во последните неколку години имало неколку такви случаи.

Портпаролот на Православната црква, Васил Банеску, изјави дека свештениците би можеле новороденчињаа само малку да ги испрскаат со вода по челото за да се избегнат такви трагедии. Но, надбискупот Теодосие, водач на тврдото крило на црквата, порача дека обичајот нема да се менува.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.