Огромната санта мраз која во јули 2017 година се одвои од ледената плоча Ларсен-Ц на источниот брег од Антарктичкиот полуостров се распадна, објави Европската вселенска агенција ЕСА кога го следеше движењето на џинот со помош на сателити.
Огромната санта мраз која пловеше три и пол години по јужниот Атлантик после отцепувањето беше на пат за оддалечениот остров Јужна Џорџија. Тоа претставуваше закана за екосистемот на британските прекуморски територии, наведе ЕСА во соопштението.
Џиновската санта А-68А го променила движењето и загубила неколку делови, а пред неколку дена новите пукнатини предизвикале таа да се распадне во „мали коцки мраз“.
„Главниот А-68А мраз се чини дека се движи кон југ и во моментов е на 225 километри од островот Јужна Џорџија“, се вели во соопштението и се додава дека малите санти мраз се оддалечуваат од главниот дел.
Приближувањето на сантата предизвика страв дека таа може да заглави на брегот и дека неговата слатка вода би можела да влијае на кревкиот екосистем на островот, а научниците беа посебно загрижени за судбината на пингвините кои сега можат да здивнат од опасноста.
извор: Jutarnji.hr
фото: BBC.co.uk