ММС

Објавено на: 02/5/21 11:00 PM

Полицијата во Франција прекина оргија – над 80 лица ги прекршија мерките за заштита од корона

Полицијата во Франција минатиот петок прекинала оргии на кои присуствувале 81 лице бидејќи го прекршиле полицискиот час што бил воведен поради ширење на корона вирусот.

Забавата била прекината во местото Колезијан, кое е оддалечено околу 30 километри од Париз, а полицијата за време на рацијата пронашла пијалоци, звучен систем и светлосно шоу, пренесува весникот „Индипендент“, а пренесува Њујорк пост.

Според извештаите во медиумите, полицијата излегла на местото на настанот околу 21 часот, три часа по почетокот на полицискиот час, а полицијата првично пронашла 11 лица на паркингот пред магацинот.

Кога полициските сили добиле законска дозвола за пребарување на областа, пронашле оргии.

– Овој настан претставува кршење на полицискиот час, а имаше и проблеми со маски и отсуство на социјално дистанцирање.

И како што навеле од полицијата  лица кои присуствувале на забавата не пружиле никаков отпор.

 

Извор и фото: Телеграф.рс

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.