ММС

Објавено на: 02/5/21 10:32 AM

Како палачинките никогаш да не се лепат во тавата: Два трика да бидат меки и воздушести

Нема човек кој не сака палачинки. Благи, солени, дебели или тенки, секој ги припрема и филува како сака, но нешто што најмногу нервира е кога се лепат на тавата.

Искусните домаќинки знаат трик во тестото да додадат масло за јадење, а и пред печењето неколку капки во тавата. Но, често се случува и покрај тоа повторно да се лепат. Клучот е во мерата.

Ако печете во тефлон тава, сепак ставете неколку капки на почетокот, па масло додавајте после секоја 3-4 испечена палачинка.

А ако печете на обична тава, смесата истурајте ја на загреано масло, па кога е испечена на едната страна, со нож одвојте ги страните и превртете, па допечете на другата страна.

За да бидат меки, но не и гумени, додатете млако млеко и направете малку густо тесто. На крај додадете една шолја врела вода за да бидат воздушести и изматете го тестото со миксер.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.