ММС

Објавено на: 02/5/21 9:33 AM

Бајден ја суспендира одлуката на Трамп за повлекување 9.500 американски војници од Германија

Претседателот на САД, Џо Бајден, го суспендираше планираното повлекување на американските трупи од Германија, наредено минатата година од екс-претседател Доналд Трамп, а акцијата за повлекување уште и не започна.

Бајден синоќа процени дека повлекувањето на трупите ќе биде запрено се’ додека министерот за одбрана Остин не направи проценки за присуството на американски војници во светот.

Лани Доналд Трамп ја објави својата намера да повлече 9.500 од вкупно 34.500 американски војници стационирани во Германија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.