ММС

Објавено на: 02/5/21 9:26 AM

Стапката на криминал во Јапонија на најниско ниво во последните 75 години

Стапката на криминал во Јапонија регистрирана во 2020 година падна на најниско ниво во периодот по Втората светска војна, пренесува aгенцијаta Анадолија (АА).

Според податоците објавени од Националната полициска агенција (NPA), минатата година биле извршени 614.303 криминални дејствија низ целата земја. Оваа стапка падна за 17,9 проценти во споредба со претходната година.

Стапката на криминал во целата земја, која паѓаше постојано во последните шест години, падна на најниско ниво во последните 75 години.

Според податоците, уличните злосторства се намалиле за 27 проценти во споредба со претходната година, така што регистрирани се 199.282 улични злосторства, додека убиствата се намалиле за 9,7 проценти, а регистрирани се вкупно 8.934 убиства.

Сајберкриминалот се зголемил за 4,1 процент во 2020 година во споредба со претходната година, достигнувајќи 9.911 случаи.

Во изјавата за новинската агенција „Кјодо“, овластено лице од Националната полициска агенција (NPA) истакна: „Ширењето на новата нормала во општеството ќе продолжи да има влијание врз стапката на криминалните дејствија.“

Овластено лице од Националната полициска агенција (NPA) исто така наведе дека и покрај тоа, може да се зголемат семејните насилства што не се евидентираат.

Меѓу другото, се нагласува дека значителното намалување на стапката на криминал минатата година е резултат на повикот „остани дома“ поради епидемијата на Ковид-19.

Во истиот период, работењето оддома и зголемениот број електронски уреди поврзани на интернет се факторите што придонесоа за зголемување на стапката на сајберкриминалот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.