ММС

Објавено на: 02/5/21 12:03 AM

(ФОТО) Мурињо: Добро прашање, но ти не заслужуваш одговор

Ерозијата во играта и резултатите на Тотенхем е сè повидлива. Тотенхем од контендер за титула во месец декември дојде во ситуација да се бори грчевито за место во Европа Лига. Во последните три лигашки дуели, момците на Жозе Мурињо загубија трипати, а со цел плен против тимот од северен Лондон дома се врати Ливерпул, Брајтон и последно, градскиот ривал Челзи.

Препородениот Челзи на чело со германскиот стратег Томас Тухел го надигра Тотенхем на гостински терен совладувајќи го со 0:1. Клучниот момент на мечот се случи во 24-тата минута кога Ерик Даер несмасно го фаулираше Тимо Вернер во својот шеснаесетник, а Жоргињо од белата точка ја протна топката во мрежата на Хуго Љорис.

Овој триумф го искачи Челзи на шестата позиција на табелата со освоени 36 бодови, само четири помалку од шампионот Ливерпул и местото кое води во Лигата на Шампионите.

Тотенхем во вториот дел малку го поправи впечатокот, недоволно за спасување кожа. Отсуството на Хари Кејн и очигледната безидејност во играта, несомнено го фрустрираат декорираниот португалски менаџер, но се чини дека уште еднаш, бесот и немоќта од теренот Мурињо ги пренасочува на погрешна адреса.

Овојпат жртва беше новинарката Алисон Бендер. Таа му постави коректно прашање поврзано со Герет Бејл, барајќи одговор зошто велшкиот репрезентативец не влезе во игра, иако беше испратен на загревање. Мурињо, во негов стил „како од пушка“ се пресмета со новинарката во замислената борба и замислениот противник.

-Тоа е добро прашање, но ти не заслужуваш одговор, концизно и препотентно одговори Поругалецот.

Следниот натпревар во Премиер Лигата, екипата на Тотенхем го игра повторно на домашен терен против фенерџијата Вест Бромвич Албион.

 

 

 

 

Фото:

Twitter / @alibendertv

eurosport.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.