ММС

Објавено на: 02/4/21 11:35 PM

Вардарци не издржаа во Португалија, Порто запиша нова победа во Лигата на Шампионите

Трето гостување во Лигата на Шампионите, трет пораз за вардарци. Момците на Алушовски водени на крилјата на фантастичниот Борко Ристовски и Тимур Дибиров, сепак не успеаа да го совладаат домаќинот Порто и да ја прекинат црната низа на туѓ терен сезонава.

Вардар загуби од шампионот на Португалија со 27:14 (13:13) во натпревар каде што нескромно може да се каже дека беше рамноправен противник. Црвено-црните одлично го отворија двобојот и по воведното водство на Порто направиja серија од 1:5. Ова водство го одржуваа во најголемиот дел од првите 30 минути, но при самиот крај поранешниот европски првак влезе во серија грешки и му овозможи на опонентот да се врати во игра и да оди во соблекувална со 13:13.

Контрастно отворање во вториот дел. Повеќе од осум минути скопскиот тим не можеше да го пронајде патот до мрежата на Митревски, но тоа воопшто не им пречеше на Амадор и Бранкињо кои беа голгетерски најрасположени во редоввите на Порто со седум односно шест постигнати погодоци.

Вардар не излезе од „ископаната дупка“ од стартот на второто полувреме и покрај одличното издание на Борко Ристовски кој 15 пати го надмудри противникот и не дозволи топката да заврши во мрежата, загуби со три гола разлика.

Кај гостите најефективни беа Тимур Дибиров со девет голови, веднаш позади Русинот се најдоа Ловро Јотиќ со пет и Шеваљевиќ со четири гола.

Овој пораз го закова Вардар на последната позиција на табелата во групата А и веројатно ги „уби“ сите надежи за понатамошната фаза во елитното натпреварување.

Следниот меч на вардарци е за пет дена во Париз против тимот на ПСЖ.

 

 

 

Фото:

Тwitter / @FCPorto


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.