ММС

Објавено на: 02/4/21 10:44 PM

Хамас го осуди рушењето на палестинските објекти: Израел ја продолжува политиката на етничко чистење

Палестинското движење Хамас го осуди рушењето на станбените објекти на палестинските бедуини на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Хамас, Хазим Касим, изјави дека со рушењето на објектите во Јорданската Долина, северно од Западниот Брег, Израел го продолжува етничкото чистење.

„Тоа е продолжение на политиката на етничкото чистење кое ционистичките децении го спроведуваат кон палестинскиот народ.“

Тој истакна дека таквото однесување е дел од методологијата на организиран терор кој ционистичките сили секојдневно го применуваат против палестинскиот народ и повика на сеопфатен и единствен отпор за да се запре политиката на раселување на Палестинците и уништувањето на нивните домови.

Израелските војници на 1 февруари на подрачјето Химса ал Бакиа северно од окупираниот Западен Брег уништија околу 40 палестински објекти, вклучувајќи и објекти за стока.

Израелските сили под голем број изговори рушат станбени објекти во Источен Ерусалим и на Западниот Брег.

Израелските сили и во ноември минатата година на подрачјето Химса ел Бакиа уништија 75 станбени единици, поради што 85 лица, вклучувајќи 35 малолетници, останаа без покрив над главата.

Палестинските и израелските делегации во 1995 година го потпишаа Вториот договор од Осло, според кој окупираниот Западен Брег е поделен во три зони.

Зоната „А“ се простира на 18 отсто територија на Западниот Брег и административна и безбедносна власт имаат Палестинците. Зоната „Б“ содржи 21 отсто од Западниот Брег и во неа се поделени аминистративните и безбедносни ингеренции. Третата и најголема зона „Ц“ покрива 61 отсто од Западниот Брег и во потполност е под контрола на Израел.

Локалните извори наведуваат дека само во 2019 година израелските сили уништиле 538 палестински домови и станбени објекти во Источен Ерусалим и на Западниот Брег со образложение дека се изградени во зоната „Ц“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.