Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот Фејсбук профил објави дека ќе се скрати времето на чекање за зрачна терапија и оти наскоро ќе биде отворен оддел за зрачна терапија во ГОБ „8 Септември”.
Во овој оддел, како што пишува минисетрот, ќе работи лекар специјалист, физичар и техничар, а третманот за пациентите ќе биде координиран со Клиниката за онкологија.
– Продолжуваме со практиката, установата да им ја доставува таблетарната терапија на пациентите дома, како што беше пракса во време на ковид кризата. По повод одбележувањето на 4 февруари – Светскиoт ден за борба против ракот ја посетив Клиниката и остраив средба со директорот Нино Васев, претседателката на „Борка” Биба Додева и Наташа Маслеша од Здружението за борба против ракот и леукемијата кај децата „Пеперутка”. Пред 3 години овозможивме пристап до нови 30 биолошки и имунолошки терапии за пациентите со малигни заболувања. Набавуваме иновативни лекови за рак на дојка, на бели дробови, како и други малигни заболувања, со кои се опфаќаат голем број пациенти, наведува Филипче.
Една од позитивните работи кои од годинава ќе почне да функционира, според Филипче, е Националниот регистар на новозаболени од малигни болести чија процедура е веќе почната на Клиниката за онкологија.