ММС

Објавено на: 02/4/21 6:12 PM

Николовски на средба со Тасева за последниот извештај за перцепцијата на корупција

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска имал средба со претседателката на „Транспаренси Интернешнл Македонија”, Слаѓана Тасева со која разговарал за последниот извештај за „Индексот на утврдување на перцепцијата за корупција за 2020 година”.

На состанокот, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, се потврдени натамошните заеднички активности при што во следниот период ќе се пристапи кон подготовка на анализа на релевантните извештаи со цел нотирање на клучните области во кои е потребно да се делува во престојниот период.

– Борбата против корупцијата и криминалот, е меѓу клучните приоритети во владинта рамка „Акција 21 – европски стандарди дома”, поточно втор по ред приоритет за оваа 2021 година. Преку конкретни мерки и политики, Владата ќе се фокусира на решавање на случаите за кои постои сомнеж за корупција, на спречување и крајно искоренување на оваа девијантна појава, којашто го враќа општеството назад, се вели во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот.

На состанокот се разговарало и за меѓународните искуства и најдобрите практики што може да се имплементираат во борбата против корупцијата, како и за детектираните слабости кои ја кочат работата, како и за унапредување на ефикасноста во спречувањето на корупцијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.