ММС

Објавено на: 02/4/21 5:34 PM

Спроведен за издржување затворска казна за убиство 47-годишник од тетовско Гајре

Тетовската полиција го приведе и спроведе во затвор за издржување на четиригодишна казна, 47 годишниот Л. Д. од селото Гајре.  Тој бил приведен околу 12 часот и 45 минути на улицата „Вонвардарска”.

-Со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Л. Д. (47) од тетовско Гајре, осуден на 4-годишна затворска казна за сторено кривично дело „убиство”, кој издржувал мерка куќен притвор. Спроведен е во Казнено-поправната установа “Затвор Тетово” за издржување на затворската казна, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Лицето е осудено за убиство случено пред нецели три години пред угостителски објект во близина на болницата во Тетово.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.