ММС

Објавено на: 02/4/21 5:16 PM

Од утре за првпат оваа сезона на ски-центарот Попова Шапка ќе се организира ноќно скијање

Од утре за првпат оваа сезона на ски-центарот Попова Шапка ќе се организира ноќно скијање. Цената е пониска од ланската и изнесува 400 денари .

Ноќното скијање ќе се организира на патеките Поток 1 и Поток 2 каде има поставено рефлектори за ноќно скијање. Предвидено е во петок и сабота да се организира ноќното скијање од 19 до 22 часот.

Ноќното скијање оваа сезона за првпат се организира и се очекува идеална температура и идеален снег.

 

 

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.