ММС

Објавено на: 02/4/21 3:54 PM

Купил куќа полна со ѓубре, а го дочекало богатство од 340.000 евра

Домот на ексцентрична пијанистка која ја трупала куќата со ѓубре и кутии, еден сопственик на антикварница во Канада го купил за само 8.361 евро, а кога влегол внатре бил шокиран од тоа што го пронашол.

Алекс Арчболд не ни можел да претпостави дека кога ја купил куќата полна со прашина и отпадоци во сопственост на покојната учителка по музика, Бет-Џоан Рак, ќе му биде потег на својот живот.

Тој со договорот ја преземал целата покуќнина, но не очекувал дека внатре ќе пронајде скапоцени работи во вредност од околу 340.000 евра. Трговецот со антиквитети неверојатните пронајдои ги споделил на својот канал на Јутјуб.

Алекс ја познавал  покојната неколку години и иако никогаш не влегол внатре, решил да се коцка и да го преземе ризикот затоа што знаел дека таму се наоѓа нејзиниот клавир кој сепак има голема вредност.

„Не знаев дека ексцентричната учителка по клавир која ја познавав дека всушност била милионерка – изјави Алекс за британски The Sun.

Додека тој и неговиот тим макотрпно пребарувале по секоја соба откриле ретки монети, вклучувајќи и сребрен долар и пари од 1920 година.

„Нашите најимпресивни пронајдоаци се паричници полни со готовина, сребрена плочка од 2,8 килограми и вреќи полни со златни и дијамантски прстени“, истакна тој.

По куќата биле расфрлени кутии на Шанел, Барбери и Тифани, а плакарите на мадам Рак биле полни со дизајнерска облека од крзнени капути до кроени костуми.

Алекс и неговиот тим откриле и стари записи, соба со перики, бројни прибори за јадење, книги, чевли, украси.

„Се ова што се наоѓа тука има потенцијал, имав неверојатна среќа. Ова ми е најдобрата инвестиција во животот – додаде Алекс Арчболд кој планира да го задржи клавирот за себе.

извор: The Sun

фото: money.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.