ММС

Објавено на: 02/4/21 3:37 PM

Во Тетово повторно растат бројките на заразени со Ковид 19

Во Тетово повторно растат бројките на заразени со КОВИД 19, откако минатиот месец состојбата малку се стабилизира. Од Ковид центарот при Клиничката болница во Тетово, апелираат граѓаните да не се опуштаат и да ги почитуваат препораките и мерките на здравствените работници, без разлика дали се мали и големи бројките на инфицирани.


И кога малку тетовци се опуштија бројките на заразени со КОВИД 19 повторно започнаа да растат. Загрижувачки е тоа што имаме поголем број на хоспитализирани пациенти со потешка клиничка слика.

Тој смета дека граѓаните се опуштиле по смирувањето на состојбата со КОВИД 19 што резултира со зголемен број инфицирани како резултат не непочитување на мерките.

 Модуларната болница при Клиничката болница во Тетово се уште не е готова. Ако продолжи трендот на зголемен број на хоспитализирани пациенти дел од одделенијата во тетовската болница ќе се пренаменуваат за лекување на инфицирани од коронавирус.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.