ММС

Објавено на: 02/4/21 10:25 PM

Деми Мур и откри што и се случило со лицето

Познатата актерка на неодамнешната ревија на модната куќа „Фенди“ изгледаше непрепознатливо, па многумина ја обвинија дека претерала со филерите. Сега Деми Мур со нови фотографии се обидува да објасни дека не отишла „под нож“, туку се послужила со еден трик.

Кога пред недела дена Деми Мур (58) ја отвори виртуелната модна ревија на „Фенди“ во Париз, таа ја изненади јавноста со непрепознатливото лице. Изгледаше како Деми да направила некој естетски зафат, но неуспешен. Носот делуваше значително помал од претходно, а јаболчниците и беа невообичаено видливи.

Малкумина тогаш го коментираа елегантното црно „Фенди“ одело од сатен во кое се прошета на пистата. А тогаш – нов шок.

Само еден ден подоцна Деми гостуваше во онлајн емисија и во разговор со супермоделот Наоми Кембел (50) изгледаше потполно природно, пишува сајтот Глориа.хр. Така таа брзо се обиде да ги демантира сите оние кои тврдеа дека има корекција на лицето.

Многу естетски хирурзи после ревијата изјавија дека е јасно дека Мур претерала со хијалуронски филери и фејс лифтинг. Но тогаш, после видеото кај Наоми се појавија други теории. Додека едни тврдат дека додека одела на пистата ги подгризала образите и така постигнала затегнат израз на лицето, други тврдат дека шминката ја направила крајно непрепознатлива.

На сето тоа, Деми и понатака ги негира естетските операции со една објава на фотографија на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Така, покрај описот „подготовка на кожата пред шоу“ објавила фотографија со маска на лицето, алудирајќи на тоа дека е тајна нејзиниот младалашки изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Извор: Нова.рс

Фото: STEPHANE DE SAKUTIN / AFP


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.