ММС

Објавено на: 02/4/21 1:03 PM

Пожарите во Австралија и понатаму активни, изгореа и стотина куќи

Веќе четири дена се активни шумските пожари во североисточниот дел на Перт, во сојузната австралиска држава Западна Австралија, а досега во потполност се уништени најмалку 81 куќа, јавува aгенцијаta Анадолија (АА).

Инспекторот за вонредни ситуации во западна Австралија, Петер Сатон, наведува дека околу 500 пожарникари се обидуваат да ги стават пожарите под контрола, а дека поради недостапниот терен и лошите временски услови пожарот би можел да биде активен уште една недела, па и подолго.

Сатон вели дека во пожарите, во пепел се претворени повеќе од 10.000 хектари површина, а уништени се 81 станбен објект.

Премиерот на Западна Австралија, МекГован, на прес-конференцијата во Перт изјави дека пожарите околу градот кои се активни четири дена продолжуваат да претставуваат опасност и дека предизвикале значителна материјална штета.

„Нашите мисли се со оние кои го изгубија домот“, изјави тој.

МекГован додаде дека се добри вестите дека вчера успеале да спасат неколку куќи во чие гаснење учествувале и авионите од Њу Саут Велс.

Тој најави помош за оние на кои им се уништени домовите, како и за оние чии куќи се оштетени.

Подобрување на временските услови на тоа подрачје не се очекува до викендот, а со оглед на тоа што дошло до оштетување на електродистрибуциската мрежа, околу 1.300 домаќинства останати се без напојување со електрична енергија.

Стотици луѓе се евакуирани на подрачјата на кои им се заканува пожар, а на жителите им е советувано да преземат и низа мерки за да се заштитат од ризикот на заразување со Ковид-19, меѓу кои се правилно носење маски и колку што е можно, избегнување на контакт со другите.

Во пожарите во Австралија кои избија во септември 2019 и траеја до март 2020 година, настрадаа 445 лица.

Уништени се повеќе од 3.500 куќи, штетата е направена на најмалку 5.852 објекти, а во пепел се претворени и повеќе од 18 милиони хектари површина.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.