ММС

Објавено на: 02/4/21 12:40 PM

Под опсада стадионите на Партизан и Црвена ѕвезда – Србија апси криминалци скриени зад навивачките групи

Откако утрово беше уапсен Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, тој беше донесен на стадионот на ЈНА во Белград, каде го придружуваа голем број полицајци. Полицијата донесе и кучиња трагачи и во тек е претрес на просториите на стадионот!

Од таа страна на стадионот има и транспарент преку кој навивачите, наводно екипата на Веља Невоља, ги напаѓале медиумите и полицијата.


“Медиумите молчат за состојбата во земјата, мигрантите, силувањата, кражбите и проблемите. На насловната страница секој ден, навивачите на Партизан секогаш се виновни”, стои во транспарентот.

Во голема полициска акција што беше направена во соработка со БИА, беа уапсени Вељко Беливук, неговиот најблизок соработник Марко Мијковиќ и уште 14 члена на оваа група.

Полицијата соопшти дека се уапсени членовите на најопасната криминална група која стои зад најсуровите убиства, киднапирања, тортури и најмонструозни злосторства. Тие беа уапсени на различни локации во време кога сите сакаа да ги запалат возилата користени за злосторствата.

Набргу по апсењето, силни полициски сили влегле во просториите на фудбалскиот клуб Партизан, но и на стадионот на Црвена звезда. Едно лице е уапсено на стадионот на ЈНА, но засега не е познато за кого станува збор.

Извор: blic.rs

Фото: espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.