ММС

Објавено на: 02/4/21 12:37 PM

Казнет тетовец, за да не плати патарина користел „флешери“

Полицијата во Тетово синоќа во 21 часот го казнила дваесетгодишниот Ш.С., кој со возило „ауди” со тетовски регистерски таблички, незаконски, со употреба на т.н. „флешери” и хорна поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино.

Како што информираат од МВР, Ш.С. во службениот разговор го признал делото, а т.н. „флешери” се демонтирани.

Од МВР дополнуваат дека во соработка со Државниот инспекторат за транспорт на 31 јануари и на 1 февруари санкционирале 32 лица за незаконско користење на т.н. „флешери” со цел да се избегне плаќањето патарина, а ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.