ММС

Објавено на: 02/4/21 12:29 PM

Од утре дозволен спортски риболов во Гостиварско  

Љубителите на спортскиот риболов од утре ќе може да ловат риби во реките низ гостиварскиот регион, на Радика и Мавровско Езеро. Дозволени денови за риболов ќе бидат петок, сабота и недела, а рибарите ќе треба да поседуваат риболовна дозвола и да имаат платена членарина.

Почетокот на новата риболовна сезона го најаваија од спортското риболовно здружение „Баш Вардар“ кое е концесионер на водотеците низ гостиварско. Од здружениеото ги информираат спортските риболовци дека дозволени денови за риболов се претстојните три дена од викендот.

– Риболовците треба строго да се придржуваат кон правилата, а оние што ќе бидат фатени во незаконски риболов ќе бидат санкционирани со прекршочните мерки предвидени со Законот за риболов, информира Енес Сејдини, секретар на здружението. Баш Вардар – Гостивар

Тој посочи дека љубителите на спортскиот риболов треба да ги почитуваат мерките за заштита на животната средина и мерките за заштита од пандемијата Ковид 19.

Риба ќе се лови и на територијата на националниот парк „Маврово“. Од таму за утре го најавуваат стартот на сезоната за спортски риболов на Мавровско Езеро и Радика.

    (З.Г.М.) 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.