ММС

Објавено на: 02/4/21 12:36 PM

Изгледаат како мајка и син: Актерката откри детали за бракот со 10-години помладиот маж

Индиската убавица Пријанка Чопра (38) направи снимање за англиското издание на магазинот „Ел“ и прозборе за својот однос со 10 години помладиот партнер Ник Џонас.

Пријанка стекна светска слава во 2000 година кога победи на натпреварување за Мис Свет, а истовремено станала ѕвезда во својата родна земја. Актерката снимила низа фотографии за „Ел“ на кои го покажа своето совршено истренирано тело, а во интервјуто открила дека била шокирана кога Ник ја запросил после два месеци врска.

 

Парот ја започна врската во мај 2018 година, а пејачот ја запроси веќе на 19 јули истата година, ден после нејзиниот 36 роденден додека биле на романтично патување на грчкиот остров Крит.

„Не очекував веридба во таа фаза на нашата врска. Бевме само два месеци заедно! Мислев дека може да се случи, но сеедно ми е беше, целосен шок. Но ја вратив својата контрола и само се препуштив на се, раскажала Пријанка.“

Таа открила и како пред да ја започнат врската, се познавале и порано, и се среќавале веќе две години. Знаеле да комуницираат со пораки и дел од нејзе сакал нешто посериозно.

„Но во тој момент исто така правев пауза од мажите и не сакав ништо романтично. Сепак секогаш постоеше нешто во врска со Ник и затоа останавме во контакт без разлика каде се наоѓаме. И една работа која морате да ја знаете за мојот маж е кога ќе одлучи дека сака нешто, тоа и ќе го добие. Кога знае, знае. И едноставно себе си не можете да си помогнете со таа негова самодовреба и само на крајот се препуштате“, објаснила Чопра.

 

Парот се венча во декември 2018 година, а моментално поради своите работи имаат проблем, па поставиле едно правило. „Ќе се гледаме секои три недели. Без разлика каде сме во тој момент во светот, долетуваме еден кај друг барем еднаш месечно и поминуваме заедно неколку дена. Тоа е правило кое го одредивме кога се венчавме. Инаку никогаш немаше да се видиме“, истакнала актерката.

 

Пријанка и Ник самите се шегувале, дека на фотографиите кои ги објавуваат на Инстаграм, изгледаат како мајка и син.

Извор и фото: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.