ММС

Објавено на: 02/4/21 11:44 AM

Србија не памети ваков случај: Питачот Јусо ќе добие споменик во Сремска Митровица

Питачот Јусо, кого сите граѓани на Сремска Митровица го почитуваа, наскоро треба да добие споменик во својот град на местото каде што поминуваше најмногу време.

Иницијаторите велат дека споменикот, освен на Јусо, ќе биде симбол и на обичниот, сиромашниот, но и великодушен човек. Жителите на Сремска Митровица со воодушевување ја дочекаа оваа вест.

„Тој беше прекрасен, мал човек што питаше. Никогаш не беше нападен, туку секогаш добар и секогаш со убави зборови и кога му даваш и кога не. Не беше себичен. Често некој ќе си ги заборавеше парите, па позајмувавме од него од она што го собрал тој ден. Многумина знаеја и да му дадат да им ги плати сметките на шалтер. Го враќаше и кусурот. Сите имавме доверба во Јусо и многу ни’ е жал за него“, велат граѓани за „Курир телевизија“.

Слободан Симиќ од иницијативниот одбор за „Курур телевизија“ вели дека со подигнувањето на споменикот, Сремска Митровица сака да покаже дека е град на толеранција.

„Споменикот е во облик на нашиот Ром Јусо, кој беше питач и џентлмен, понекогаш и колпортер. Замисливме средствата да ги собираме така што секој граѓанин ќе даде толку колку што Јусо барал при питачењето“, вели Симиќ.

Досега се собрани 270.000 динари, а за лиењето недостасуваат уште 5.000 евра.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.