ММС

Објавено на: 02/4/21 11:31 AM

И ова е БиХ: Автопат им го поделил селото, па од еден во друг дел поминуваат преку одводен канал

Во нашата држава е можно се’. Така, може автопат да подели едно големо село на два дела. Жителите на бањалучкото село Хрваќани, се присилени преку одводна цевка да преоѓаат од едениот во другиот дел на селото. Автопатот им ја подели населбата на два дела.

Изгледа пари од делницата на автопатот Бања Лука – Добој не останале на подвозници и за разбирање на жителите на селото, извества „Федерална,ба“, а пренесува „Радиосарајево“.

Жителте на Хрваќани се приморани секојдневно да поминуваат низ одводната цевка што е поставена под автопатот, во близина на местото каде што требало да бидат изградени планираните надвозници. Ако сакаат да поминат преку единствениот што постои, треба да пешачат три колометри. Надлежните  како да не се загрижени, па за пропустот само си ја префрлаат топката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.