ММС

Објавено на: 02/4/21 11:38 AM

Тетовчанец со фалц документи си присвои возило

50-годишниот тетовчанец направил измама, изнајмил возило за неколку дена, дошол во Скопје и возилото си го препишал на свое име.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Н.(50) од с.Мала Речица,тетовско поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ фалсификување исправи“.

Според информациите на полицијата, во текот на март 2020 година, Џ.Н. направил Договор за наем од 02.03.2020 за патничко моторно возило „голф“, сопственост на К.З.(47) од с.Требош,тетовско, кој важел до 06.03.2020, кога Џ.Н не го вратил возилото и со фалсификуван договор за купопродажба на половно моторно возило склучен во Скопје на 04.05.2020 година, помеѓу Џ.Н. и К.З. заверен на нотар од Скопје, со кој договор направил промена на сопственост на возилото и го запишал како негова сопственост.

Полицијата работи на расветлување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.