ММС

Објавено на: 02/4/21 11:39 AM

Таткото на Раде Шербеџија не сакал да го гледа во филмовите: Тој е некој друг човек, тоа не си ти!

Раде Шербеџија остави неверојатн успех на светско ниво и тешко некој од овие краеви да му парира. Освен на филм, може да се види и во театарот и често добива награди за своите изведби, а потоа замина за Лос Анџелес и продолжи да ја гради успешната холивудска кариера.

Шербеџија за време на својата богата кариера одиграл многу историски личности, но вели дека не чувствувал никаков товар поради тоа.

– Не! Играјќи познати ликови, актерот мора секогаш да води сметка да внесе нешто животно и човечно. Не треба да им пристапуваме како да се боженства. Па и Хамлет е само обичен ранлив човек со свои мани и доблести. А славните личности кои јас сум ги играл , нив многу сум ги сакал, па јас и Едо Галиќ во 70-тите направивме ТВ-шоу за Никола Тесла, би сакал повторно да го одиграм „стариот Тесла“, сега со своите години и искуство. Тогаш имав само 28 години, рекол Шербеџија.

Познатиот актер на почетотко од 2021 година е номиниран во категоријата за актерско остварување на најпознатата  културна манифестација во Хрватска. Номинацијата ја доби за филмот “Поплаки за ловење“, каде го толкува главниот лик на Петар Хекторвиќ. Шербеџија вели дека има големи предизвици.

– Не е лесно. Да се играат ликови од некое минато време секогаш тој ангажман е  посебен . Треба да се разбере времето во кое приказната се случила, да се проучат обичаите, навиките. Треба да се совладаат дијалектите на стариот хварски јазик. Во тоа најмногу уживав. Тоа бил прекрасен јазик. Толку оригинален и жив. Јазикот на кој ние денес говориме е измислен јазик и не излегува од нашите бели дробои и грло на природен начин. Погледнете само колку кајкавскиот дијалект е точен и историски отколку овој хрватскиот јазик. А сега тука и се додаваат некои измислени зборови, кои нашите нови лингвисти ги измислија, од тоа глава да ве заболи…

Прашан дали реагира на критики, Раде имал едноставен одговор:

– Не ги следам критиките. И не ми смета ако некои од нив има лоши за мене. Па, мене целиот живот воглавно ме фалеа. Негативна критика, ако е оправдана и промислена може да биде и конструктивна и корисна. Имаше денови кога сам се прашував зошто мојот татко Данило никогаш во жвотот не ме гледа како актер ни на филм ни во театар… Еднаш го прашав зошто не ме гледа, а тој ми одговори: „Раде, тоа таму е некој друг човек, а јас сакам својот син ваков да го знам и каков што го сакам…“ Денес се гордеам со тој негов став, рекол Раде.

Тој  прозборе и за пандемијата и за целата таа ситуација која никому, па ни нему лесно не му падна и изави дека му фалат дружењата со пријателите и публиката.

– Тешко и неизмерно, но ми се чини дека луѓето кои водат смтка за театрите успееа нешто да направат и наскоро ќе можеме да се дружиме заедно. И дека нашиот живот повторно ќе биде нормален… Нормално, никогаш нема да биде ист по оваа трагедија, но ќе станеме, се надевам, сериозни и одговорни за светот во кој постоиме и живееме.

 

Vecernji.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.