ММС

Објавено на: 02/4/21 10:06 AM

Северна Кореја нема да добие ниту руска ниту кинеска вакцина: АстраЗенека испраќа два милиони дози

Северна Кореја очекува да добие скоро два милиони дози вакцини за Ковид-19, развиена од АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд до крајот на првата половина на годината, објави денес Јонхап.

Агенцијата наведува дека системот КОВАКС потврдил дека ќе дистрибуира 1.992 милиони дози вакцини АстраЗенека на Северна Кореја, до крајот на првата половина на годината, кои се произведени под лиценца на Индискиот институт Серум, најголемиот светски производител на вакцини, пренесува Ројтерс.

Преземено од: https://www.kurir.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.