ММС

Објавено на: 02/4/21 12:06 AM

Ливерпул е ментално исцрпен тим, Брајтон ја заслужи победата, изјави Јурген Клоп

Од „Енфилд Роуд“ неосвоива тврдина до „Енфилд Роуд“ и полесно од очекувањата за Барнли и Брајтон. Одличната серија на Ливерпул на домашен терен пред две седмици неочекувано ја прекина екипата на Шон Дајч, а денес во рамките на 22-то коло истото го направи и тимот предводен од Грем Потер.

Брајтон не само што победи, туку и комплетно го надигра фаворитот, освојувајќи го целиот плен и прогресирајќи на табелата во Премиер Лигата едно место погоре. Оваа победа на Брајтон му донесе 24 поени и сигурна 15-та позиција.

Формата и играта на Ливерпул е неповолна токму пред дербито со Манчестер Сити викендов. Иако победата против Вест Хем пред три дена можеби најави враќање на победнички патеки на клубот од Мерсисајд, вечерва Брајтон брзо го врати Јурген Клоп во реалноста и го оддалечи од одбрана на титулата во најдобрата светска клупска лига.

За Клоп ова е очекувано, со оглед на менталната и физичката исцрпеност на тимот и сите оние повреди кои му се случија на Ливерпул во текот на сезоната.

-Видовте што тргна наопаку. Но повеќе е зошто тргна наопаку? Единственото објаснување е дека ние сега сме исцрпен тим, ментално повеќе или помалку. Тоа води до „тешки нозе“. Брајтон заслужи да победи, играа добра и заслужија три бода, изјави Клоп.

По 22 одиграни меча Ливерпул се наоѓа на четвртата позиција со освоени 40 бодови, седум помалку од Манчестер Сити кој има и еден натпревар помалку.

 

 

Фото:

thenation.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.