ММС

Објавено на: 02/3/21 11:50 PM

(ВИДЕО) Јокиќ: Со Леброн атлетски сме слични, двајцата сме подеднакво брзи, само не знам дали може да скока како мене…

Надимакот „џокер“ српскиот центар не го доби случајно во НБА. И надимакот „џокер“ од ден на ден мора да се оправда.

На Јокиќ тоа воопшто не му е тешко. Како што не му е тешко одново и одново да руши рекорди во најдобрата светска лига. Oткако пред неколку вечери некогашниот играч на Мега го изедначи личниот рекорд постигнувајќи 47 поени против Јута Џез и одржувајќи му лекција на засега најплатениот „голем човек“ во лигата, Руди Гобер, српскиот репрезентативец се спореди себеси со Леброн Џејмс.

Да бидеме искрени, компарацијата не ја иницираше тој, туку новинарката со директно прашање поврзано со број еден ѕвездата во лигата. Јокиќ, во негов стил, одговори како што знае и умее.

-Брзината е една од сличностите со Леброн. Атлетицизмот исто така. Всушност не знам дали може да скока како мене, но некако сме слични. Малку е постар од мене, не знам колку би можел да ме следи во тој поглед…мислам, о Боже. Леброн е најдобриот играч во лигата, најдобар е веќе подолго време во секоја можна смисла. Можеби постојат некои сличности во тоа како влијаеме врз тимот, саркастично изјави Јокиќ.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.