ММС

Објавено на: 02/3/21 9:21 PM

ТикТок забранува пристап за деца помали од 13 години: Се’ ќе биде под контрола на вештачка интелигенција

Кинеската платформа за објавување видеа ТикТок го блокираше пситапот за деца под 13 години. Возраста на корисниците ќе се утврдува со помош на вештачка интелигенција. Овој важен чекор, кој многумина го оценија како задоцнет, доаѓа по неодамнешната смрт на десетгодишно девојче од Палермо, кое се самоуби при вежбање предизвика на онесвестување.

Ефикасноста на мерката што ја објави ТикТик ќе ја проценува надзорно тело од Италија, бидејќи по смртта на девојчето следуваше случај во кој четириесет и осумгодишна жена од Сицилија беше на испитување поради наводно поттикнување самоубиство со објава на видео на ТикТок, Имено, на видеото се гледаат маж и жена кои мотаат леплива трака околу устата и носот во рамките на истиот предизвик поради кој настрада малолетничката.

Во меѓувреме, истрагата за смртта на девојчето од Палермо се прошири со прашањето како можело тоа да отвори профили на Инстаграм, но и на Фејсбук, без да има доволно години за тоа. Од ФБ соопштија дека целосно ќе соработуваат во интерес на истрагата, а што се однесува на влијанието на тиктокерката од Сицилија полицијата откри дека таа објавила уште видеа со чија помош дошла до над 700 илјади следачи од различна возраст. Корисниците на ТикТок смислија дваесетина различни предизвици, вклучувајќи затворање на очите со клешти.

 

Извор: mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.