ММС

Објавено на: 02/3/21 8:54 PM

Никому не му годат: Ненадејните промени во времето може да влијаат на здравјето

Познато е дека временските промени предизвикуваат многу проблеми, а особено во овој период може да се јават неколку здравствени проблеми. Промените во температурата и влажноста на воздухот се дел од факторите поради кои кај некои луѓе може да се јави мигрена, болка во зглобовите, или пак да се јави промена во притисокот.

Болки во зглобовите

Поради големите промени што се случуваат во атмосферата, течноста во зглобовите која ја штити ‘рскавицата од оштетување, се менува и предизвикува болки во коските.

Мигрена

Поради ветрот, крвните садови отекуваат и се стеснуваат. Овде станува збор за крвните садови во мозокот, кој пак е „одговорен“ за следење на телесните функции. Токму поради ова, може да се јават сериозни главоболки.

Промени во притисокот

Ненадејната промена на температурата на воздухот доведува до намалување на концентрацијата на кислород. Осцилациите на притисокот се особено опасни за луѓето кои веќе имале мозочен удар или срцев удар. Ненадејниот пораст на горниот крвен притисок го зголемува ризикот од инфаркт. Луѓето кои имаат хипертензија исто така треба да бидат претпазливи.

 

Извор: republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.