ММС

Објавено на: 02/3/21 8:23 PM

Масовна вакцинација во Велика Британија: Повеќе од 10 милиони граѓани ја примија првата доза

Во Велика Британија првата доза од вакцината против коронавирусот ја примија 10.021.471 луѓе, односно 374.756 повеќе отколку вчера. Министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок го оцени таквото достигнување како „исклучително значајно“.

„Ова е значаен чекор во нашите национални напори во борбата против пандемијата“, напиша Хенкок на Твитер.Велика Британија ги одобри вакцините на Фајзер и на АстраЗенека пред САД и ЕУ, што и овозможи порано да почне со вакцинацијата.

Фото:  Илустрација / unplash

Извор:    srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.